По серијата поскапувања, во понеделникот конечно за три денари се намалија ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два и пол денари, така одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 изнесува 66,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 69 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот е 60 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 49,50 ден/лит.
По продолжениот викенд нова цена на горивата. Останува да видиме дали РКЕ ќе ги намали или зголеми цените.