Полицијата ги едуцираше возачите на патот Прилеп-Градско – Врзувајте се со појас и возете внимателно

Во текот на вчерашниот ден (11.09.2023), на подрачјата на Секторите за внатрешни работи Битола, Штип и Велес, полициски службеници од овие организациони единици при МВР реализираа низа превентивни активности од областите на заштитата на шумите од пожари, имотните деликти и безбедноста во сообраќајот.

Така, на подрачјето на СВР Битола, односно во Прилеп, Ресен, Крушево и Кривогаштани, беа спроведени превентивни активности од областа на имотните деликти, а во врска со кампањата тематски насловена „Полицијата и граѓаните заедно“, под мотото „Безбедна заедница, мирна заедница“.

И на подрачјето на СВР Штип, поточно на повеќе локации во Штип полициски службеници реализираа средби и разговори со граѓани на тема “Безбедноста на граѓаните-наша обврска”.

Отсекот за превенција при СВР Велес, пак, на магистралниот пат Градско-Прилеп своите активности ги насочи кон сообраќајната безбедност преку разговори и укажувања на граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи по однос на задолжителното користење на сигурносните појаси и прилагодувањето на брзината на движење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.