Често сме во прилика да видиме како девојките го менуваат својот живот, односно од обични девојки стануваат старлети, посакувајќи внимание, скапи подароци, автомобили и секако пари.
Пред недела дена новинарката Наталија Атанацковиќ, правеше интервју со сега веќе познатата старлета Тијана Ајфон. На почетокот на интервјуто започна чуден разговор, всушност новинарката ја праша Тијана од каде и се скапите телефони и облека, а таа и одговори дека ги добила од пријател, а новинарката изрази желба дека и таа сака такви пријатели.
Разговорот замина во друга насока, па така се роди и Наталија Дубаи, како “помлада сестра” на Тијана Ајфон.
Сите ова го прифатија како шега, но не и Наталија. Започна да се дружи со Тијана, како би ги научила сите начини да се впушти во оваа популарна работа. Наталија стана Ната Дубаи и даде отказ.
МАРКУКУЛЕ.МК