СДСМ денеска веќе ја започна кампањата за брзи избори на 21 јуни. Во речиси сите изборни едници кандидатите за пратеници и носителите на избирачките листи СДСМ ги стартуваше работните средби.
Во четвртата изборна единица каде носител е партискиот претседател Зоран Заев, на листата се најде и поранешниот пратеник кој беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Панчо Минов од Кавадарци.
Токму Минов кој ја сврти страната беше предмет на реакции од голем број членови и симпатизери на СДСМ.
Тој се наоѓа на сигурното 5-то место на кандидатската листа за пратеници и сигурно ќе биде дел од новиот парламентарен состав.
Интересно е тоа што Минов е две места погоре на листата дури и од партискиот портпарол Костадин Костадинов.