Пандев со јасна порака за новиот изглед на дресовите од фудбалската репрезентација (Фото)

Не стивнуваат реакциите на фудбалските вљубеници, откако ФФМ ги презентираше новите дресови на македонската репрезентација, со кои фудбалерите ќе настапат на Европското првенство.

На Интернет се појави и петиција која за кратко време ја потпишаа над 6.000 луѓе.

По бурните реакции со своја јасна порака се јави и капитенот Горан Пандев.

На својот Инстаграм профил, фудбалерот на Џенова го покажа дресот со кој Македонија обезбеди историско место, односно од дуелот со Грузија, порачувајќи дека со тој дрес треба да се брани честа и на ЕУРО 2020.

А еве како изгледаат новите дресови за кои навивачите велат дека наликуваат на дресовите од Летонија:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.