Кивано е егзотичен плод, познат уште како африканска бодлива краставица. Има атрактивен изглед, а вкусот му е пријатен и освежувачки, личи на краставица, киви, лимон
Киваното е честа состојка во овошните салати, а се јаде сурово. Нискокалоричен е и затоа е погоден при диети за слабеење. Од неодамна овие плодови го имаат предзнакот домашни бидејќи се произведуваат и во Македонија.
Во киваното се присутни два антиоксиданса, токоферол и гама-токоферол. И двете се органски форми на витаминот Е, кој има многубројни позитивни ефекти. Исхрана богата со овошје и со зеленчук што содржи бета-каротен, ликопен и лутеин, помага и во заштита на ДНК, со што се забавува процесот на стареење.
Семето на егзотичниот плод содржи голем број масни киселини, вклучувајќи линоленска и олеинска киселина. Линоленската киселина е полна со омега-6 масни киселини, која е од суштинско значење за нашето здравје. Состојката е важна и за заштитните функции на кожата. Олеинска киселина помага за подобрување на имуните функции, како и за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести.
На Интернет наидовме и на еден прилог од пред неколку години на “Сител ТВ” од Прилеп каде ова киваното успешно се одгледува и расте.
Погледнете во продолжение: