Тимот на програмата „Граѓаните против корупцијата“ со задоволство Ви го најавува настанот „Антикорупциски караван“ што ќе се одржи на 4 декември (среда) пред „Саат кулата“ во Прилеп со почеток од 11:00ч.
-Целта на настанот е преку директна комуникација тимот на програмата и претставниците на државните институции, граѓанските организации и медиумите одблиску да ги информираме граѓаните за значењето на борбата против корупцијата, да дискутираме за предизвиците како и да ги презентираме можностите за пријавување на случаи на корупција во Општина Прилеп – велат од Македонски центар за меѓународна соработка
Овој Антикорупциски караван е можност да добиеш одговори директно од претставниците: на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Управата за финансиска полиција и Општина Прилеп;
–да дознаеш повеќе за алатката „Реагирај“ и да се приклучиш во борбата против корупцијта.