Нова објава за продажба на парцели во „Индустриската зона – Прилеп 2“ и населбата „Градина“

_mg_4519

Со најновата објава која е во тек се информираат сите заинтересирани физички и правни лица дека се понудени на продажба седум нови градежни парцели со намена (Г3 и Г4 – сервиси и мало стопанство и стоваришта) во Индустриската зона „Прилеп 2“ која се наоѓа во населбата „Сточен пазар“ и дваесет нови парцели за домување (A1) во новата населба „Градина“.

_mg_4535

Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават електронски на следната интернет страна www.gradezno-zemjiste.mk за секое наддавање со посебен рок.

Почетна цена се градежна парцела е 61 денар од м2, со 10 денари чекор за наддавање за намена домување и 100 денари чекор за наредно наддавање за градежни парцели со намена стовариште и мало стопанство. Би можеле да учествуваат сите физички и правни лица жители на Република Македонија и странски лица, согласно Закон за градежно земјиште кои со комплетна и правилно пополнета електронска пријава со прилози треба да уплатат депозит кој изнесува 30% од вкупната почетна цена.

_mg_4538

Градоначалникот Марјан Ристески ги повика сите заинтересирани домашни и странски инвенститори и заинтересирани граѓани, да се пријават по електронски пат и да земат учество во елкетронското надавање.

Општина Прилеп е обврзана и веќе започна со уредување на населбата, со изградба на патната инфаструктура и асфалтирање на улиците, изградба на водовод, канализаиција, осветлување и изградба на тротоари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.