Деветнаесетгодишниот Никола Ѓорѓиев од Црешево за кого во хуманоста се обедини цела Македонија ја победи болеста.
Никола боледуваше од малигна неоплазма, миелоидна лоза, редок вид на канцер на коските, а при последните лекарски прегледи во Турција, било утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази.
Веста на социјалните мрежи ја сподели градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој напиша:
-Младиот Никола ја победи болеста‼️ Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази. Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото. Ова е победа на сите хумани луѓе! Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа!