Макрон се обидува да го забави проширувањето на ЕУ – удap за балканските аспирации.
Франција инсистира дека блокот сè уште не е подготвен да разговара за можноста за прифаќање нови членки, покажуваат документи разменети меѓу дипломатските мисии во Брисел, до кои дошол Блумберг.
Иако повеќето земји-членки го поддржуваат барањето на Македонија и Албанија за почнување преговори за ЕУ, Франција и Холандија сакаат целосен ремонт на процесот на проширување пред да почнат преговорите со двете земји.
Париз сака понатамошните разговори да бидат „постепени, поконкретни во придобивките што им ги носат на засегнатите земји и да бидат реверзибилни според ефективното, опипливо и одржливо спроведување на реформите“, се вели во нацрт-коминикето на министерскиот состанок во Луксембург. Меморандумот на 10 октомври го проследиле француски дипломати до другите влади на ЕУ.
Целата статија прочитајте ја на МКД.МК