Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Температурата значително ќе опадне, а на места ќе биде и за десетина степени пониска во однос на претходните денови.
Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја и да се преземат соодветни активности за заштита од поплави.