Началнички рафали во прилепско Дебреште (ВИДЕО)

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и МВР не реагираат за тешкиот инцидент кој се случил деновиве во Македонија, а во кој поради неодговорност на полициски командир можеле да бидат убиени или ранети жени, деца и мажи.

,,Со дивјаштвото и односот од првите луѓе на полицијата, личиме на африканска држава.

Ова е во Македонија, командир на полициска станица, со автоматско оружје предизвикува општа опасност и не одговара за ништо.
Не одговара ниту тој што го поставил”, пишува пратеникот и полковник Драган Ковачки за тешкиот инцидент користејќи го хаштагот
#ДалекуСмеОдЕу.

Во Македонија во последниве десетина години загинаа повеќе лица а дваесетина беа ранети од пукање на свадби, крштевки, сунети и други семејни прослави.

Куршумите испукани во воздух се доволно брзи да убијат човек. Начинот на кој пука командирот од видеото значи сигурна смрт за некој што ќе биде погоден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.