Навали народе: Низа огласи за вработување во ЦК “Марко Цепенков”

Центарот за култура “Марко Цепенков” од Прилеп објави огласи за вработување на техничари, електричар, организатор…

Огласите на веб страната на Агенцијата за вработување се објавени на 02.03, а траат до 06.03.2021 година.

Основната плата за работната позиција Техничар за тонски ефекти изнесува 26,046 денари.

За работното место техничар оператор изнесува 23,760 денари

За електричар за одржување основната плата изнесува 21,870 денари

И за Организатор на работа во претпријатие (инспициент-асистент), основната плата изнесува 32,114 денари




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.