Најновото засилување на македонската фудбалска репрезентација, Дени Мусовски, синоќа го постигна својот петти погодок во дресот на Лос Анџелес.
Во градското дерби помеѓу Лос Анџелес и Лос Анџелес Галакси, Мусовски го отвори резултатот во 58-та минута и со прекрасен лоб удар му донесе водство на својот тим кој одново цели кон висок пласман сезонава.
24-годишниот Мусовски со својот потег го фасцинираше и Мексиканецот, Карлос Вела, кој минатата сезона беше број еден стрелец во МЛС лигата.
Погледнете го овој прекрасен погодок:
Одличните партии на Мусовски беа причина да добие повик од селекторот Игор Ангеловски да заигра за македонската фудбалска репрезентација.