Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Бразилецот Роналдо Луис Назарио де Лима со девојката Селин Лок се на одмор на бреговите на Средоземното море. Тој и пред тоа имаше проблеми со килограмите, но се чини дека потполно се запуштил.
Поранешниот фудбалер е снимен на плажа, а некогашниот ќелавко сега има карава коса. Ронало три пати е прогласуван за најдобар играч на светот, а за неговиот Бразил постигнал 62. гола. Во врска е со 13 години помладата манекенка Селин веќе четири години.