Мицкоски во Прилеп: Автопатот Скопје-Битола, 3aконот за тyтyн, обpaзованието нajважни теми за peгионот! Ќе peaлизиpaме ce’ (Видео)

Денеска бевме еве овде во Прилеп на состанок, на средба би рекол со регионалната стопанска комора. Разговаравме за проектите и содржината со фокус на економскиот дел, економската понуда од нашата читанка како што секаде ја претставуваме „Проект – Обнова“, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека се разговарало за предизвиците со кои што денеска се соочуваат би рекол луѓето од реалниот сектор овде во Прилеп кои што се дел и членки на регионалната стопанска комора.

– Претставниците на компаниите ни ги презентираа нивните гледишта, анализиравме дел од политиките и предлозите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги предлага во оваа изборна програма. Кои што понатаму ќе бидат дел од би рекол програмата на Владата. Пред се тука како главен адут го споменавме и автопатот кој што би се изградил од Скопје преку Прилеп, Битола до границата со нашиот јужен сосед. Нешто што е дамнешна желба на жителите на Пелагонискиот крај, на Прилепчани но и на останатите. Цениме дека овој инфраструктурен проект многу ќе го подобри квалитетот на живот, ќе ја подобри комуникацијата и условите на бизнис заедницата овде од Прилеп и Пелагонија во целост, вели Мицкоски.

Тој истакна со комората се разговарало и за политиките во делот на земјоделието со акцент на тутунот и тутунопроизводителите како и за реформите во делот на образованието, администрацијата, дигитализацијата, фискалната политика, поддршката.

– Така што ценам дека имавме навистина корисна средба, средба на која што ние можевме да се презентираме и да имаме определена интеракција со стопанствениците од овде, од градот Прилеп, изјави Мицкоски




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.