Милошоски: Наскоро ќе дознаеме дали Заев ја говори вистината или ги манипулира новинарите во врска со разговорот со лажниот Порошенко

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави две фотографии преку кои праша дали Заев ја говори вистината дали постој уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со лажниот Порошенко (август 2018та), според МНР не постои и дали Заев ги манипулира новинарите?

-Според релевантни извори од МНР не постои уредно архивиран записник од советниците Бојан Маричиќ и Дане Талески од првиот разговор на Заев со Лажниот Порошенко (август 2018та). Но, дали Заев ја говори вистината или ги манипулирал новинарите, наскоро ќе дознаеме, преку обврската на премиерот и министерот за надворешни да одговорат на пратеничко прашање!, стои во неговиот пост на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.