Мизрахи за најтиражниот весник во Израел: Луѓето во Македонија не се антиceмитски, нaпaдитe беа дел од едно гpoзно политичко сценарио

Најтиражниот весник во Израел „Haaretz“ објави вест поврзана со првиот еврејски министер во Македонија која беше отпуштена откако го користеше старото име на земјата.

Рашела Мизрахи за реномираниот весник тврди дека нејзината оставка доаѓа како политички мотивирана, а не затоа што зборувала пред табла на која стои името „Република Македонија“.

Весникот наведува дека првиот еврејски министер во Северна Македонија беше отпуштен минатиот викенд откако го користеше претходното име на земјата прекршувајќи го контроверзниот договор што земјата го има потпишано со соседна Грција.

„Разрешувањето на Рашела Мизахи, иницирано од премиерот Оливер Спасовски, беше меѓу последните акти на привремената влада во малата балканска држава. Пратениците гласаа 62-26 во корист на отпуштањето на Мизрахи, откако таа држеше прес-конференција пред знакот на кој се наоѓа поранешното име на земјата, „Република Македонија“.

Антисемитските напади беа изненадување. „Луѓето во Македонија не се антисемитски “, рече Мизахи оваа недела за Хаарец. „Сметам дека тие напади се дел од едно грозно политичко сценарио кое се искачи на нивото на антисемитизам, спомнува жолти ѕвезди и непријатни вербални напади“, пишува весникот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.