Меѓународен ден на осигурувањето: Мудро управување со ризикот штити од непредвидени финансиски загуби

-Кога имате осигурување тоа значи дека можете да сметате на финансиска поддршка во тешките моменти, вели по повод меѓународниот ден на осигурувањето, Даниел Паришко – раководител на сектор Прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Меѓународниот ден на осигурувањето, на 1 ноември е повод да се потенцира значењето на осигурувањето како иструмент кој заштитува од финансиски издатоци во непредвидени и неочекувани ситуации. Осигурувањето претставува управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финансиските загуби, вели Даниел Паришко, Раководител на сектор Прием во осигурување во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Осигурувањето најефикасно штити од непредвидени финансиски загуби и тоа во моментите кога тоа ни е најпотребно, затоа што всушност таквите загуби не биле ниту очекувани, ниту планирани. Всушност, осигурувањето е пренос на ризикот од осигуреникот врз осигурително друштво, со плаќање на премија за осигурување. Тоа практично значи дека без осигурување во таквите случаи сте препуштени сами на себе. Но, кога имате осигурување тоа значи дека имате партнер кој ви овозможува финансиска поддршка во тешките моменти.“-вели Паришко.

Веќе со години наназад осигурителниот пазар во Македонија бележи позитивен тренд на пораст, вели тој, појаснувајќи дека растот се должи на два фактори. Првиот фактор е растечката свест на граѓаните за предностите и бенефитите кои ги носи поседувањето на полиса за осигурување, додека втор фактор е богатата понуда на доброволните видови осигурување, покрај задолжителното осигурување.

„Брзото животно темпо во динамичното време во кое живееме носи и бројни ризици во различни области од секојдневното делување на човекот. Неговата желба да се заштити и свеста дека на најдобар начин тоа може да го направи преку осигурување се пресликува во се поголемиот интерес на граѓаните да се осигураат и со тоа да бидат поспокојни дека во моментите кога ќе се случат непредвидени финансиски загуби тие нема да бидат сами и нема сами да го поднесат финасискиот товар.“-вели Паришко.

Посочува дека предноста од обезбедувањето на полиса за осигурување од Осигурителен Брокер АД Битола е во тоа што компанијата ги нуди сите типови на осигурување од сите осигурителени компании во државата на едно место.

„Знаеме дека времето е скапоцен ресурс, особено за секој динамичен деловен човек со бројни обврски и на приватен и на професионален план. Во случајот со СН Осигурителен брокер АД Битола не мора да губите време да одите од една до друга осигурителна компанија, да ги споредувате условите и цените. Ние ги нудиме сите типови полиси од сите осигурителени компании. Доволно е само да направите консултација за вашите индивидуални потреби и во соработка со вас нашите брокери ќе ви помогнат да ја изберете вистинската полиса за вас. Тоа значи дека ќе биде избран пакет кој најдобро ќе ги задоволи вашите барања, а истовремено ќе биде избрана понуда која одговара на вашиот планиран буџет. И она што е најважно, таа консултација ја добивате сосема бесплатно. Услугата воопшто нема да влијае на подигнување на цената на полисата за осигурување, туку полисата ќе ја добиете по иста цена како и кога би отишле да ја купите во осигурителна компанија. Но, кај нас добивате професионална консултација која ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор согласно со вашите индивидуални потреби.“-вели Паришко.

Појаснува дека сите тековни понуди и акции граѓаните може да ги следат на веб страната на СН Осигурителен Брокер АД Битола www.snbroker.mk како и на телефонот 15 770.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.