Добитната комбинација во последното коло на лотаријата во Јужна Африка звучи навистина бизарно, бидејќи броевите од 5 до 10 се извлечени по тој редослед.
Имено, во јужноафриканската национална “Powerball” лотарија беа извлечени броевите 5,6,7,8,9 и 10.
Организаторите на Твитер им честитаа на среќните добитници, кои ги има 20, а оваа неверојатна комбинација на секој од добитниците им го зголеми буџетот за 306.898 евра.
Оние играчи кои не го погодија бројот 10 во комбинацијата освоија само 340 евра, а наводно ги има 79, пренесува Гардијан.
“Оваа комбинација на броеви е сигурно неочекувана, но гледаме дека многу играчи се одлучиле токму за таков редослед на броеви”, велат од државната лотарија.