Крвната група покажува кој човек од каква болecт постои можност да paзболи

Ова се корисни информации кои ќе ви помогнат да дознааете со каква исхрана и начин на живеење би можеле да спречите некои болести.

​Со долгогодишно истражување научниците и лекарите дојдоа до некои заклучоци поврзани со крвната група, кои укажуваат на ризиците од болести и нивната навремена превенција.

Проблем со памтењето

​Како што пишува списанието Neurology лицата со крвна група АБ имаат зголемен ризик од когнитивни оштетувања. Тоа особено се однесува на повозрасната група луѓе, кои како стареат се потешко запамтуваат и учат.

​Знаеме дека крвната група АБ одредува ефекти важни за згрутчување и протеини во крвта- објаснува коавторот на студијата Мери Кашман за списанието Prevention, инаку професор по медицина и патологија на Универзитетот во Вермонт. Додава, дека оваа состојба може да се објасни, бидејќи луѓето со АБ крвна група се склони кон проблеми со памтењето, но се уште не е точно познато зошто тоа се случува.

​Друг проблем поврзан со оваа крвна група е ракот на желудник. Лицата со АБ крвна група имаат дури 26% поголема шанса да заболат од оваа злокобна болест за разлика оние со 0 или Б крвна група.

​American Journal of Epidemiology пишува дека причината е бактеријата Helicobacter pylori, а лицата со АБ крвна група потешко се изборуваат со неа.

Чиреви

​Додека споменатата бактерија кај луѓето со АБ крвна група може да доведе до рак на желудникот, лицата со 0 имаат зголемен ризик да добијат чир на желудникот. 0- крвната група некако го модифицира имуниот систем кога ќе го напардне бактеријата Helicobacter pylori, а научниците се уште немаат откриено на кој начин.

Болести на срцето

​Во овј случај лицата со 0 крвна група се во предност над другите типови за дури 23%, заклучува едно истражување од престижниот Универзитет Харвард.

Лицата со крвна група АБ и Б се со најголем ризик за болести на срцето, покажала нивната студија. Авторите велат дека одредени крвни групи се поврзани со повисоки стапки за воспаленија, со што делумно се објаснува и оваа поврзаност со болестите на срцето.

​Рак на панкреас

​Иако тоа не е намера на истражувањето, уште еднаш се покажала предноста на 0 крвната група. За разлика од останатите групи, 0 групата има 37% помал ризик да добие рак на панкреас, кога ќе се спореди со останатите. Така тврди истражувањето од Journal of the National Cancer Institute.

​И овојпат научниците го поврзаа случајот со бактеријата Helicobacter pylori.

Тие исто така нагласуваат дека не е целосно јасно колкава е улогата на крвните групи за поедини болести, иако дефинитивно постои поврзаност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.