Кампања за македонските вина: Вкуси Вранец, Темјаника, Смедеревка и Станушина

Македонската земја е плодна, а македонското сонце носи само бериќет и убавина. Нашите вина, по квалитет, можат да се носат со најквалитетните сорти од Франција, Австралија и Америка. Вранец, Темјаника, Смедеревка, Станушина, тоа се макеодонски вина кои се добродојдени на секоја трпеза и во секоја прилика.

Затоа, логично е да се рашири зборот за убавото, да се пренесе нашироко. Тоа порачува кампањата за промоција во рамки на Отворен Балкан за македонските винат Вранец, Темјаника, Смедеревка и Станушина. На пазарот од 12 милиони луѓе, нашите вина ќе добијат достојно претставување и ќе се постават на новите пазари. Во моментов преку социјалните мрежи се промовираат најдобрите македонски вина и сорти.

Станува збор за освојување на пазарот на вина во Србија, како и за отворање на пазарот во Албанија, каде по туристичкиот бум во последниве години се појавува потреба за високо квалитетни сортни вина, која може да се задоволи со извоз на нашите, висококвалитетни вина.

Главно внимание ќе се посвети на спомнатите сорти вино: Македонскиот ВРАНЕЦ
е препознатлив по силната црвена боја и по интензивниот но хармоничен вкус. Сувото бело вино на ТЕМЈАНИКАТА е мускатно и се карактеризира со цветни ароми и мириси на темјанушка, роза и мандарина, СМЕДЕРЕВКА која е една од најстарите сорти на бело грозје на Балканот, вино со нежен мирис и лесен хармоничен вкус, како и СТАНУШИНАТА која има
интензивна арома на овошје и високо ниво на киселост, а може да достигне алкохолност до 12 проценти алкохол.

Вистински македонски вински бисери кои заслужуваат промоција кај нашите пријатели од Отворен Балкан.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.