Искусниот Уругваец го напушти Интер после само една сезона: Останува во Сериа А

Искусниот уругвајски дефанзивец Диего Година го напушти Интер после само една одиграна сезона.

Годин минатото лето пристигна во Интер како слободен играч од Атлетико Мадрид, но после само една сезона одлучи да ги спакува куферите од Милано.

Уругваецот ќе остани во Сериа А и потпиша за Каљари.

Годин со клубот од Сардинија потпиша до летото 2023 година и би требало да дебитира викендов против Лацио.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.