Или нов асфалт или да им никнат крилја и да прелетаат: Прилепските села Веселчани и Загорани речиси целосно отсечени (Фото галерија)

До редакцијата на Маркукуле пристигнаа фотографии и апел од жители на прилепскиот регион, кои алармираат за очајната состојба на патот што ги поврзува населените места Веселчани и Загорани.

Според нив, овој пат со години е оставен без соодветно одржување, а денес е полн со дупки, оштетувања и нерамнини кои секојдневно го отежнуваат сообраќајот и претставуваат опасност за возачите.

„Како што можете да видите, патот е во катастрофална состојба и целосно занемарен. Жителите од овој крај секојдневно се соочуваат со огромни проблеми во сообраќајот. Ве молиме за гласност и поддршка преку вашата страница за конечно да допреме до надлежните институции“, стои во пораката испратена до нашата редакција.

Апелираме до надлежните институции да излезат на терен, да ја согледаат реалната состојба и во најкус можен рок да преземат конкретни мерки за санација на овој патен правец. Безбедната патна инфраструктура не е луксуз, туку основна потреба за жителите кои секојдневно го користат овој пат.

Доколку и вие имате фотографии или информации за слични проблеми во вашиот крај, испратете ни ги – заедно да придонесеме гласот на граѓаните да биде слушнат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.