Изложбата на олдтајмери „Кавадарци 2015“, која годинава ќе се одржи по четврти пат, ќе с е одржи на 27 септември, недела. Како и претходните три години, центарот на Кавадарци е резервиран за историски автомобили и мотоцикли кои поминувале по истите улици пред повеќе од 30 години.
Настанот ќе го збогатат возила од целата држава, а организаторот ќе се погрижи да ја оправда гостопримливоста по која е позната Тиквешијата.
Учеството е бесплатно, а сите кои сакаат да го најават своето присуство можат да се пријават на телефонскиот број 070 239 423 и единствено што треба дан направат е да ги остават податоците за сопственикот и возилото.
Настанот ќе трае од 10 до 14 часот, со што учесниците треба да бидат во Кавадарци најдоцна до 9 и 30.