Зеленски се скара и со украинската православна цpква: “Ни го поткопуваат украинското единство”

Казнените дејствија на официјален Киев против огранок на Православната црква во земјата која историски е поврзана со Москва, се дел од настојувањето да се постигне „духовна независност“ изјави викендов претседателот на Украина Володимир Зеленски. Како што посочи тој, одамна воспоставената Украинска православна црква (УОЦ) го поткопува украинското единство и соработува со Москва, јави „Јерусалим пост“.

Ваквите пораки на Зеленски доаѓаат откако претходно властите од Киев наредија на огранок на УОЦ да ја напушти својата стара 980 годишна престолнина во манастирски комплекс Печерск Лавра, што го натера рускиот православен патријарх Кирил да побара од папата Франциск и другите верски водачи да помогнат да се прекине репресијата.

„Оваа недела беше направен уште еден чекор кон зајакнување на нашата духовна независност“, рече Зеленски во своето ноќно видео обраќање, без директно да се повика на наредбата и додаде дека Украинците реагирале позитивно на одлуката на Киев.

„Ќе продолжиме со ова движење“, рече тој. „Нема да ѝ дозволиме на терористичката држава никаква можност да манипулира со духовниот живот на нашиот народ, да ги уништува украинските светилишта – нашите Лаври или да ги краде вредностите од нив.

Инаку, рускиот патријарх Кирил предходно силно ја поддржа руската инвазија на Украина. Во својот апел, тој ги повика верските водачи и меѓународните организации „да ги вложат сите напори за да го спречат принудното затворање на манастирот“.

Службата за безбедност на Украина од октомври изврши претреси во црквите на УОК, воведе санкции за нејзините епископи и финансиски поддржувачи и отвори кривични случаи против десетици свештеници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.