Започнува проектот за млади “Здрави навики здрав живот”

DSC_0008

Советот на млади од општина Велес и Студентскиот парламент при Технолошко – Техничкиот факултет денеска потпишаа меморандум за соработка. На овој начин двете организации уште повеќе ги продлабочуваат односите помеѓу себе. Со меморандумот само се официјализира добрата соработка која и досега ја имаа.

„Ние како Совет на млади имаме потреба од Студенскиот парламнт на овој единствен факултет со седиште во Велес за да ја потпомагаат нашата работа. Во изминатиот период со идеите на студентите ја дополнивме нашата годишна програма, а ни дадоа и фокус во која област повеќе да се насочиме“, рече Филип Сприковски претседател на Советот на млади.

Потпишувањето на меморандумот практично значи и стартување на проектот „Здрави навики – здрав живот“. Ќе се реализира во наредните три месеци. Во првата фаза младите ќе одговараат на анкетни прашалници, а резултатите ќе ги прегледа стручен тим од факултетот.

„Потоа врз база на нив ќе бидат подготвени неколку дебати и трибини поврзани со здравата храна, но и другиот аспект квалитетната и безбедна храна. Се со цел да се подигне свеста кај младите за практикување на здрави животни навики“, рече Александар Савески претседател на Студентски парламент при Технолошко – Техничкиот факултет.

Во месец мај се очекува на завршна презентација да бидат прикажани конечните резултати од проектот. Надлежните се надеваат дека со него ќе влијаат врз младите да променат барем една навика која ќе води кон поздрав живот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.