Ел Чапо ти ли си? Во Идризово откриен тунел за бегство

Рано утрово затворската полиција во затворот во Идризово направила голема акција со цел да ги сузбие можните обиди за бегство на осудените лица. Во акцијата била вклучена и градежна механизација.

Неофицијално, во акцијата е откриен ископан тунел во должина од околу 60 метри. Недостасувале уште неколку метри за да се дојде до главниот преграден ѕид на затворот. Според првичните неофицијални информации, тунелот бил добро осмислен, а во кој имаше и потпорни греди. Осветлувањето било решено со пуштен кабел со светилки.

Според информациите тунелот се копал најмалку 4 до 5 месеци наназад.

Пред еден месец директорот на затворот Шпенд Тахири го смени комплетното раководство на затворската полиција и назначи лица со искуство во затворскиот систем, кои веќе почнаа да даваат резултати.

Дали директорот на Управата за извршување санкции ќе превземе нешто доколку се откријат сторителите?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.