Eзерцето во паркот кај судот во Прилеп е претворено во мочуриште. Нема пумпа за филтрирање на водата, рибите се половина изумрени, а половина се обидуваат да преживеат.
Нема ниту трага, ниту глас од пајките кои беа украс на паркот и езерцето.
Локалните власти пред извесно време се направија aгилни, па го заменија дрвеното мовче откако медиумите објавија дека истото е скапано и опасно за децата во паркот.
Но, како и по обичај, одново треба да се апелира за нешто да се санира….
Езерцето е вистински извор на зараза, а итна реакција е неопходна за да се спаси преостанатиот рибен фонд.