Еве на кој датyм годинава ќе глacaме за нови гpaдоначалници

Локалните избори во Македонија треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, соопшти денеска на средба со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.

Деведест дена претходно тој треба да ги распише изборите односно во јули, а најдоцна на 1 август, во зависност од датумот што ќе го договорат политичките партии.

Џафери предупредува дека доколку дојде до тоа паралелно да се одржуваат предвремени парламентарни избори, треба да се има предвид како тоа ќе се одрази на роковите за техничката влада, за кампањата и за увидот во избирачкиот список и како ќе се одрази врз работата на ДИК и соодветните институции.

За барањето на опозицијата за избори заедно со локалните, вели дека еден пратеник може да го поднесе предлогот и ако има соодветно мнозинство нека го изгласа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.