Наши читатели испраќаат фотографии и видеа од населените места околу Прилеп на кои се гледа дека големи површини се под вода како резултат на обилните врнежи од дожд
Фотографиите во продолжение се од населеното место Пешталево во општина Долнени, каде под вода се земјоделски површини и дворови на куќи.
Жители од ова село велат дека освен водата од дождот проблем е и канализацијата која им се излева по дворовите и улиците.
Тие апелираат до општинските власти во иднина да посветат поголемо внимание и ваквите проблеми да станат минато.