Регулаторната комисија за енергетика ги објави цените на горивата кои ќе стапат на сила од полноќ.
Согласно одлуката малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува, односно останува на исто
ниво како што била определена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,099 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 27,481 ден/кг.