Првата недела од Великиот Пост или Недела на Православието го слави споменот на востановувањето на почитта кон иконите (842 г.), кое се случило за време на царицата Теодора и Патријархот Методиј. Според историските прилики, оваа недела влегла во составот на богослужбениот поредок на Великиот Пост дури после 842 година, и тоа не веднаш, зашто Цариградскиот Типик (ΙΧ – Χ век) не ја ни спомнува, бидејќи според него за овој ден наместо неа било предвидено да се прославува споменот на Светите Мојсеј, Арон и Самуил.
Во оваа недела посветена на Торжеството на Православието се извршува таканаречениот „Чин на Православието“, во кој верните во литија, со икони од Христос, Богородица итн. се упатуваат во соборните храмови каде што се чита „Синодиконот“, со кој им се оддава почит на сите оние кои се подвизувале и бореле за чистотата и славата на верата Православна. Главната мисла на овој чин е молитвено и благодарствено пеење за сочувување на мирот во Црквата и обраќање на заблудените на вистинскиот пат.
Така беше и вчера, кога во храмот Св. Кирил и Методиј, кога се одржа литија со иконите од црквата, кои ги носеа бројните верници.
ФОТО/Андреј Иваноски