Божидар Тодороски е роден на 11 август 1933 година во Прилеп. Починал на 28 ноември 2001 во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје.
Работел како режисер во Телевизија Скопје. Член на ДПМ од 1974 година. Автор е на книгите: Бумеранг (поезија, 1963), Неспогодии (поезија, 1974), Сонетен венец на непризнатите (1977), Диво коњче (поезија за деца, 2000), Горчлива нафора и Боемски уроци (поезија, 2000).
Својата прва изложба ја има 1961 година со дела насликани со паста за чевли. Голем мајстор на цртежот со туш и молив, која техника ја научил од својот наставник по ликовно Ачевски-Аче, ненадминат мајстор на таа техника.
Неисцрпен мотив му била староградската архитектура од Старата Скопска чаршија, Охрид, Кратово, Прилеп, Битола. Последната изложба ја одржува во КИЦ-Скопје, 1991 година. Во својот творечки ансамбл има отворено преку 15 самостојни изложби.
ВИДЕО: ТВ Архива МКД