Турнирот е во чест на Павле Кочоски чиј живот прерано згасна.
Во негова чест и спомен деветта година по ред, неговите другари и пријатели го организираат овој меморијален турнир во мал фудбал “Јамајка”. Овој турнир од година во година е се подобар и поорганизиран, а организаторите се надеваат дека за скоро време ќе прерасне во еден голем спортски настан.
Турнирот започнува на 15 октомври во сабота, во салата од основното училиште “Добре Јованоски”. Натпреварите ќе продолжат до 20 октомври во салата “Македонија”.