Негрижа на локалните власти, или човечки безобразлук?
Новата урбана опрема низ центарот на Прилеп целосно се уништува. Ова ли е тој европски Прилеп кој оди напред чекор по чекор?
За жал, не би рекле така. Искршени клупи, корпи за отпадоци, се уништува се што е корисно за сите, па дури и за тој кој уништува.
Дел искршени, а дел неодржани, со дрво кое изгледа дотраено и во секој момент може да се скрши кога некој ќе седне.
Па затоа вината е и кај локалните власти, но и кај несовесните сограѓани.
Вака напред не се оди, во ЕУ никако…