Дали да плаче или да се смее човек: “На Грузија ќе и’ помогнеме за peфopми во cyдcтвото и обвинителcтвото”, вели Артан Груби

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби денеска беше домаќин на грузиската претседателка Саломе Зурабичвили, која е во официјална посета на земјава.

Како што информираат од кабинетот на Груби, интеграцијата во НАТО и процесот на интеграција во Европската унија биле една од темите на разговорот.

-Република „Северна“ Македонија е подготвена да понуди помош од своето искуство на патот кон НАТО и да сподели искуство во делот на реформите што се бараат во процесот на пристапување кон Европската унија, нагласил Груби.

Политичката состојба во Грузија, односите со соседните земји, вклучително и Русија, конфликтите во Украина и Нагорно Карабах исто така биле дел од разговорот меѓу Груби и грузиската претседателка.

-Република „Северна“ Македонија ќе понуди соработка во процесот на реформите што треба да се направат во Грузија, вклучително и во областа на правдата, судството и обвинителството, како и безбедносните структури, порачал вицепремиерот.

На средбата станало збор и за економската соработка меѓу двете земји, при што било нагласено дека само минатата година извозот бил 242.962 евра и увозот 102.803 евра, додека за следниот период има тенденции да се воспостави подлабоко бизнис партнерство.

Груби и Зурабишвили разговарале и за процедурите кои следуваат за назначување на двајца почесни конзули на Грузија во Република Македонија и тоа во Скопје и Штип.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.