ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ИМ ГО ЧЕСТИТА ПРАЗНИКОТ ЃУРЃОВДЕН НА РОМИТЕ

IMG_9825

На Ѓурѓовден, весело разиграно, во природа, со семјството, во добро друштво и скара  – така беше на дабнички завој, каде жителите од Ромската населба Tризла, по националност Роми, го прославија  празник Ѓурѓовден, кој во својот календар го имаат како свој празник, како ден на обновување на природата и разбудувањето на вегетацијата  од зимскиот период. Тоа е наша традиција останат низ векови и генерации велат Ромите, кои уживаа на овој ден со скара и пијалак, со музика и дружба.

IMG_9811

IMG_9793

IMG_9796

Нивната веселба ја збогати и присуството на градоначалникот, Марјан Ристески кој лично ги посети Ромите на Дабничи завој  и им го честита празникот. Тој притоа го потенцира соживотот и заедништвото кои се одржува во Прилеп со векови, без разлика на вера и националност.

“Почита меѓу луѓето е најважниот елемент за заедништво и соживот“- истакна градоначалникот.

IMG_9832

IMG_9805

Празникот Ѓурѓовден останува вековна традиција на Ромите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.