По низата пораки од еврокомесарот Јоханес Хан дека референдумот во Македонија наводно бил успешен иако не е исполнет цензусот, на ваквите негови срамни тврдења реагираше и професорот на универзитетот во Колумбија, Горазд Росоклија.
Тој запраша каков предлог може да даде човек обвинет дека за својот докторат на Универзитетот во Виена, украл туѓи резултати и погрешно ги интерпретирал истите. За крај Росоклика посочи дека тој е олицетворение на европските вредности.
“Каков предлог освен криминален може да даде човек обвинет дека за својот докторат на универзитетот во Виена, украл туѓи резултати и да е срамот поголем, погрешно ги интерпретирал?
Олицетворение на европски вредности”, напиша професорот Горазд Росоклија на својот Фејсбук профил.