На 10.02.2025 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа Вториот селекционен натпревар, преку кој се избраа најдобрите четворица ученици кои ќе ја претставуваат Maкедонија на претстојната Меѓународна Олимпијада по биологија која ќе се одржи во јули на Филипините.
Од прилепската гимназија зедоа учество двајца ученици, Георги Николоски и Ивана Атанасоска, кои се натпреваруваа со најдобрите девет ученици од цела Македонија кои го поминаа првиот селекционен натпревар.
На натпреварот Георги Николоски ученик во трета година имаше најдобри резултати и беше прво пласиран, а Ивана Атанасоска се рангираше на шестото место.
И на двајцата ученици ментор им е професорката Софија Крстеска.
-Горди сме на Георги кој ќе биде дел од тимот на претстојната олимпијада по биологија и ќе ја претставува нашата Гимназија на светско ниво.
Му посакуваме успешен настап и да се врати со освоен медал – стои во соопштението од гимназијата “Мирче Ацев”.