Германија има потреба од 1,200.000 работници од кои 50.000 можат да земаат плата од 44.000 до 60.000 евра годишно

Поради голем дефицит на работна сила, Германија усвои закон кој на работниците од земјите што не се членки на ЕУ значително ќе им олесни добивање работа, особено за ИТ стручњаците.

Најголемата европска економија се соочува со вистински недостиг на работници. Се проценува дека моментно на Германија и неостасуваат над 1.200 000 средно и високо квалификувани експерти, од кои дури 55.000 во ИТ секторот.

Поради тоа Бундестагот усвои закон, кој стапува во сила од 1 јануари 2020 година и овозможува полесно доселување на стручна работна сила од земјите надвор од Унијата. Тоа значи дека процедурата за добивање работна дозвола за оние кои бараат работа од Балканот ќе биде значително поедноставна и полесна. Сите кои сакаат својата ИТ кариера да ја изградат надвор од границите на својата земја ги охрабрува и фактот дека применливите ИТ знаења и вештини, како и познавањето на странски јазик, може да се совлада за 12 месеци квалитетно школување.

Во Германија се надеваат дека, покрај новиот закон и високите плати, исто така и квалитетните услови кои се нудат во овој сектор ќе ги привлече ИТ експертите од Балканот. Имено, како помлад програмер во Германија може да се заработат 44.000 евра годишно, додека програмери со неколку години искуство заработуваат и 60.000 евра годишно.

Извор: “Република.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.