Во ек на економска и енергетска кpиза да не земеш 3 месеци плата: Во Прилеп тоа е возможно! (Видео)

Вработените во “Прилепско поле”, вчера излегоа на пpoтecт и си ги побараа своите 3 неисплатени плати. Според нив, незаинтересираноста на раководството во АД Водостопанство ја прелеало чашата на незадоволство, но и покрај тешката состојба во која се наоѓаат тие сепак успешно ја завршиле сезоната за наводнување и не ги оставиле земјоделците во тешка состојба.

-Денес излеговме на едночасовен протест за да го искажеме нашето незадоволство од незаинтересираноста на одборот на директори на АД „Водостопанство“ за обезбедување плати за вработените. Не се исплатени три плати, а еве и четвртата веќе е одработена. Од Владата имаме добиено решение за обезбедување средства за исплата, но сѐ уште не е реализирано. Во ова кризно време вработените се без пари и без лекарско осигурување. Исто така, го истакнуваме и незадоволството од работата на Сојузот на синдикати како матичен синдикат, бидејќи до денес немаат преземено никаква активност со цел да се изврши притисок на надредените. Во знак на незадоволство сите вработените потпишавме истапница, рече Toни Елмазоски, вработен на одржување во „Прилепско поле“

Горанчо Каранфилоски, вработен во „Прилепско поле“ во името на колегите ја истакнува крајно незавидната ситуација во која се сите, особено во ова тешко, кризно време.

-Немаме пари, банките не притискаат за кредитите, децата тргнаа на училиште, немаме да преживееме. крајно тешко е во ова кризно време. не знам колку полошо од ова може да биде, вели Каранфилоски.

„Прилепско поле“ е една од 14-те подружници на „Водостопанство“. Според раководството на подружницата, им е речено дека Владата го прифатила барањето за подобрување на ликвидноста на претпријатието, поминал и финансискиот план, ама услов било „Водостопанство“ да обезбеди една плата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.