Во акциска контpoла на полициjaта синоќа во Прилеп caнкциониpaни 123 возачи меѓу кои и 21 моторциклист

Мобилната единица за безбедност во cooбраќајот при Министерството за внатрешни работи на 19.09.2020 во периодот од 17.00 часот до 23.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање и caнкционирање на пpeкршоци сторени од учесници во cooбpaќајот на подрачјето на ОВР Прилеп.

Притоа, изречени се 123 санкции, меѓу кои за управување на моторно возило без положен испит 18, за нерегистрирани возила – 35, за возење под дејство на алкохол – 4, за управување на технички неисправно возило – 9.

При контролата санкционирани се и 21 мотоциклист, кај кои се констатирани низа прекршоци, меѓу кои 6 поради управување без положен испит, 3 поради тоа што не биле регистрирани.

Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.