Владиката Пимен распали во Владата

Еден од најгласните епископи на МПЦ-ОА кој беше критички настроен кон последните години на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски веќе нема трпение за скандалите, грешките и аферите на Заев и неговата влада.

Владиката Европски Пимен меѓу другото во својот пост го критикува одложувањето на планот за смени во администрацијата и фактот што Заев и неговите луѓе немаат совест.

Епископот прашува дали од државниот буџет треба да се платат советници и на сегашните над 60 советници на Заев.

“Ем не ги фаќа метла, ем не ги фаќа грижа на совест. Или пак да им платиме и на советнициве советници”, пишува владиката Пимен откако беше објавено дека руски “Пранкери” дури три пати за една година го натерале да разговара со нив, да мисли дека зборува со Столтенберг и Порошенко и да издава важни свои и туѓи државни позиции.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.