Владиката Петар и денеска меѓу верниците во Прилеп (ФОТО)

Денеска на ТРЕТ ДЕН БОЖИК, кога се празнува Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис, се одржа Света Златоустова литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот преспанско – пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г-дин ПЕТАР.

Како добар пастир, Владиката Петар, Божиќните празници ги помина меѓу верниците во Прилеп. На прв ден Божик, Владиката го благослови традиционалниот “Божикен ручек” кој по 19. пат го организираше “Детската амбасада за сите деца во светот”, каде на една трпеза во Прилеп повторно седнаа 400 деца, од различни градови и од различни целни групи.

На втор ден Божик, кога се празнува Собор на Пресвета Богородица и Преподобниот Никодим Прилепски, Владиката Петар чиноначалствуваше со Света Архиерејска литургија во храмот Св. Благовештение – Стара црква.

Нека Христовото раѓање ни донесе мир и љубов во нашите животи! За многу години!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.