Владиката Петар во недела ќе богослужи света литургија во црковниот храм Св. Петка во Прилеп

Соопштение до верниците од црковниот храм Св. Петка во населбата Точила во Прилеп

“Почитувани прилепчани, браќа и сестри во Христа!

Со радост ве известуваме дека оваа четврта недела од Великиот пост (26.03.2023), посветена на св. Јован Лествичник, кога го чествуваме споменот на св. Никифор Цариградски, во храмот „Св. преп. мчца. Параскева (Петка) Римјанка“ – Точила, со почеток во 08:15 часот ќе се богослужи света архиерејска Василиева литургија, со која ќе чиноначалствува епархискиот архиереј, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.

Ве покануваме возљубени, та сите заедно да се помолиме на нашиот Господ Исус Христос да ни испрати благодатни сили да го привршиме и овој пост и достојно да ги дочекаме претстојните празници и најторжествениот, Празникот над празниците – Велигден!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.