Tвитерџиите ги “распнаа” Пендаровски и Заев. На социјалната мрежа се шират видеа од денешниот централен митинг на СДСМ во Скопје, а според она што може да се види, владеачката партија го има најслабиот предизборен собир во главниот град.
Според Твитер заедницата поддржувачите на СДСМ предвреме го напуштаат митингот кој се одржува пред зградата на ЕУ.
Бегаат од трлото дур збори Тито!@SDSMakedonija @SPendarovski до крај на митингов само функционери ќе останат. pic.twitter.com/l9KQvdG9bi
— Имела (@svetlin_a) April 14, 2019
Претходно на Твитер осамна и видео од птичја перспектива за време на митингот, на кое може да се види дека СДСМ успеа да собери многу малку народ на нивниот централен предизборен настан.