(Видео) Тајсон мета на потсмев откако се “избрука” во рингот

Мајк Тајсон синоќа се појави во рингот и повторно беше гостин меѓу борачите на AEW федерацијата.

“Челичниот Мајк” по десет години се соочи со Крис Џерих, човекот кој во 2010 година го одглуми неговиот нокаут. Во рингот веднаш започна нивната “пресметка”.

Секако ова беше само сценарио, но сите говорат за она што се случи пред започнувањето на двобојот.

Легендарниот боксер имаше големи проблеми со кинењето на маицата, па корисниците на социјалните мрежи не ја пропуштија можноста да се пошегуваат на негова сметка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.