“Ритамот под кулите” е наслов на рап песна која уште во 2006 година, или пред точно 20 години беше хит, но и денес е позната кај сите генерации.
После 20 години се сними втор дел за истата песна, што со сигурност ќе предизвика носталгија на голем број генерации, сеќавајќи се на едно време кога хип-хоп сцената блескаше во Прилеп, кога авторите твореа на секој чекор и ноќниот живот беше далеку поинаков, пожив од тој на кој сме навикнати денеска.
Ова е трајлерот за вториот дел од песната, како увертира на видео спотот кој ќе биде промовиран во петок (31.07.) на вториот по ред фестивал на хип-хоп “Ритамот под Кулите”, што ќе се одржи на летната сцена во Центарот за култура “Марко Цепенков”, со почеток од 16:30часот.
Погледнете во продолжение:
























