Златан Ибрахимовиќ се збогува со Лос Анџелес галакси и со МЛС-лигата и сега останува отворено прашањето, каде ќе ја продолжи кариерата?
Интерес за ветеранот има од многу клубови во Европа, меѓу кои и неговите поранешни тимотви Манчестер јунајтед и Милан, но тука се и понудите од супер богатите кинески клубови.
Во Македонија царевите за социјални мрежи од фудбалскиот клуб Осогово измонтираа урнебесен клип на кој Ибрахимовиќ вели дека, „оној последниот е многу добар“. Кој тим е последен во Втората лига Исток? Осогово!
Клипот е од пред 18 години кога младата фудбалска репрезентација на Македонија беше домаќин на Шведска, а натпреварот заврши 1-1.
.@Ibra_official има нешто да ви каже!
Дали ќе ја продолжи кариерата во некоја од ТОП5️⃣ земјите?
Тој со маичка од Осогово веќе одговори ? pic.twitter.com/VReck1ULd4— GFK Osogovo (@gfkosogovo) November 14, 2019